Zbirni transport

  • October 17, 2016

mapasrbb-1
Милшпед Гурпа е водечки регионални логистички провајдер којшто се состои од компании во Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Албанија, Босна, Русија и Германија (компанија специјализирана за автомобилска логистика). Милшпед стопанисува веќе 23 години и има повеќе од 1800 вработени и нуди интегрирани услуги на воздушен, морски, железнички и патен транспорт (домашен и меѓународен, полн, делумен и збирен транспорт), како и услуги на царинско посредување, складирање и дистрибуција. Стратешката определба на компанијата се засновува на високи вредности на корпоративна култура, почитување на партнерство со клиенти, како и на примена на напредни технологии и општествено одговорно стопанисување.

Западнобалканскиот регион е поврзан со Европа со веќе воспоставена соработка со партнери од еминентно светско реноме, а преку тоа е поврзан со цел свет. Со 34 лини од/кон Европа, кои се флексибилни и за посебни барања, системот е така создаден да обезбедува оптимален сооднос меѓу времето и трошоците на нашите клиенти и купувачи.
Регионалната сообраќајна мрежа се засновува на секојдневни линии меѓу главните централи и терминали, обезбедувајќи услови за континуирани тек на транспорт, без оглед на потекло и дестинација на пратки. Различните царински режими ширум регионот имаат поддршка на стручњаци во оваа област во секоја поединечна земја, со чија интервенција се покриваат и реализираат сите транспортни режими.

Домашните транспортни мрежи, со поддршка на специјално дизајнирани пристапи кон планирање, обезбедуваат благовремени услуги.
Овие мрежи обединети во единствена целина, организирани се со една цел: да пружат логистички процеси со висок квалитет на услуга, транспарентен статус на пратка, минимално време на транспорт, висок степен на сигурност како и безбеднст. Поддржан од ИТ решенија и непрекинат развој, како и од квалификувани и угледни човечки ресурси, овој концепт ја прави Милшпед Групата водечки провајдер на логистики услуги во регионот.