Огромен интерес за работа во Милшпед

  • April 14, 2016

IMG_9267

Компанијата Милшпед годинава по втор пат учествува на реномираниот домашен Саем на вработување „Top Job”, каде учесници покажаа огромен интерес за услуги и можности за вработување во нашата групација.

Саемот „Top Job” се одржа на почеток на април, во организацијата на Министерството за труд и социјална политика, Националната служба за вработување и „Bel Expo Centar”. Станува збор за еден од најпосетените саеми кои се организираат со цел да се, од едната страна, овозможи промоција на кандидати, а од другата страна, да најуспешни компании во Србија го препознаат нивниот потенцијал и да ги вработат.
IMG_9131

На Саемот претставниците на компанијата Милшпед укажаа на предностите на нашата групација, која е лидер во давање на логистички услуги во земјава, и го искажаа задоволството што прв пат бевме дел на најголемиот проект за вработување во земјава, како и на дружбата со студенти и фирми од различни области.

На заинтересираните учесници начинот на стопаниствување на компанијата и нејзините основни перформанси ги имаат претставено Маша Новаковиќ и Наташа Милојевиќ во име на Секторот за човечки ресурси, а во име на Секторот на проектна продажба Марија Симиќ и Милош Милетиќ.
IMG_9068

Интересот на учесниците за услугите на компанијата и отворените позиции бил огромен и по Саемот„Top Job” Сектор за човечки ресурски е побогат за повеќе стотици биографии на дипломци и професионалци, така дека во иднина можеме да очекуваме дека некој од нив ќе ja има и кариерата во Милшпед Група.