Национална Дистрибуција

Сигурни и економични решенија прилагодени на вашите барања

Моќ на Милшпед како лидер во обезбедување на 3PL логистички услуги, меѓу другото, се гледа во разгранетата дистрибутивната мрежа која остварува повеќе од 3.000 дневни испораки на целата територија на Србија, со највисоки стандарди за дистрибуција и на највисок квалитет на услуги.
Нашата посветеност кон постојано унапредување на квалитетот на услугите за дистрибуција се гледа и во воведувањето на највисоки стандарди, процедури за апликација и најсовремени технолошки и технички решенија во областа на логистиката:

    • Редовна теоретска и практична обука на сите возачи (возачи на Милшпед и ангажирани превозници)
    • Единствена база на податоци за сите возила со дефинирани техно-експлоатациони карактеристики,
    • Ангажирање на возилата во согласност со потребните посебни услови на дистрибуција на стоки ( режимот на температура, карго обезбедувањето, компатибилност на различни видови на стока, …)
    • Развиени интерфејси со клиенти за можност на електронски прием и обработка на налози за испорака,
    • Софтвер за интелигентна администрација на налози за испорака во согласност со договорените услови (испорака 24 / 48ч, …),
    • Софтвер за рутирање(Route planning) за проектирање на дневни оперативни планови и креирање маршути,
    • Софтверско следење на реализација на товарење, задолжување и раздолжување на стоки,повратна амбалажа и транспортна документација,
    • Document management system за управување со текот на документи за транспорт,
    • Возила опремени со GPS и Track and Trace,
    • Следење на реализацијата на дистрибуција во однос на дефиниран оперативен план и динамично рутирање во случај на отстапување во реализацијата на планот,
    • Центар за повици за решавање на спорни испораки во реално време, во согласност со дефинирана процедура за даден клиент
    • На дигитални мапи се дефинирани сите геолокации (над 30.000 места на испорака) со одредени параметри (вид на објектот, работно време, време за испорака, можност за доставување со одреден тип на возило, …)
    • Известување за KPI на квалитативна и квантитативна точност на реализација на испораки на дневна основа.