МИЛШПЕД СКЛАДИШТА ПО МЕРКА ЗА СЕКОЈ КЛИЕНТ

  • June 30, 2016

milsped skladiste - slika za vest 30.06.2016

Компанијата Милшпед од месец Јули ги проширува своите складишни капацитети на локацијата во Крњешевци за дури 8.500 квадратни метри.

За нашите клиенти од светот на модата го подтотвивме складот проектиран по мерка со ЛЕД осветлување, скирнер систем, видео надзор, ПП известување и контрола на пристап. Модерен склад со височина 14 метри со 9 претоварни рампи, 10.200 палетни позиции и 20.000 позиции на полици, со примена на современа складишна опрема и механизација, ќе овозможи дополнително зголемување на степенот на сервис на Милшпед Fashion клиенти.

Селидбата на стоката на нашите клиенти во новиот склад успешно е завршена во кус рок, со поддршката на тимот на складишниот сектор и паралелно извршување на секојдневните операции без намалување на квалитетот на услугите.

На ваков начин се централизира асортиман на Fashion клиенти, при што централниот склад станува еден од најголемите во овој дел на регионот.