Збирни Линии

Основни информации за збирни линии

Работа со збирни пратки во Mилшпед групата е организирана преку Европската и Балканската мрежа. Преку Европската мрежа (European network )постојат три HUB-a за примање на пратки од ЕУ: Љубљана, Загреб и Белград. Понатамошната дистрибуција на збирните пратки до крајниот примач на просторот на Западен Балкан од овие три HUB-a се врши преку регионалните HUB-ови, односно преку Балканската мрежа: Сараево, Подгорица и Тирана.

Збирни линии на просторот на поранешна Југославија (Balkan network):

HUB Љубљана: Преку HUB во Љубљана е организирана дистрибуција на збирните пратки во Словенија, а исто така се организира претовар на збирните пратки во Босна и Херцеговина (2 пати неделно за Сараево), Хрватска (секој работен ден за Загреб) и Србија (секој работен ден за Белград), од каде што подоцна се испратени во останатиот дел од Балканот (Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија).

HUB Загреб: Преку HUB во Загреб е организирана дистрибуција на збирни пратки во Хрватска и, исто така, се организира претовар на збирните пратки во Босна и Херцеговина (3 пати неделно за Сараево). Загреб е на дневна основа поврзан со HUB во Љубљана. Дневна линија до Љубљана исто така се користи за испраќање на пратки во Белград (исто така, на дневна основа), или три пати неделно преку директна линија Загреб – Белград.

HUB Белград:  Преку HUB во Белград се организира дистрибуцијата на пратки во Србија и, исто така, се организира претовар за Подгорица и Скопје (4 пати неделно), Сараево (2 пати неделно), Приштина (2 пати неделно) и за Тирана (2 пати неделно – преку терминалот во Подгорица).

Наведените времиња на транспорт се валидни само ако пратките имаат најава најмалку 1 ден (24 часа), пред планираното товарење, ако извозното царинење е направено на терминалот на испораката и доколку придружната документација е комплетна и точна. Време на испорака до клиентите е 24 часа од како ќе се заврши царинската постапка.

Збирни линии од ЕУ (European network):

HUB Љубљана: Во Љубљана по редовен распоред доаѓаат збирни линии од Германија (три пати неделно), Италија (два пати неделно) и од Шпанија и Велика Британија (еднаш неделно). Поради специфичната положба на Љубљана овој HUB исто така се користи како транзитен за збирни пратки на останатиот дел од Балканот, односно за претовар на линии од Шпанија и Велика Британија (за останатите земји од поранешна Југославија) и Италија (за Хрватска).

HUB Загреб:Редовни неделни збирни линии кои доаѓаат од Германија (два пати неделно) и Бенелукс (два пати неделно) доаѓаат во Загреб. Од остатокот на ЕУ пратките доаѓаат во Загреб преку HUB во Љубљана.

HUB Белград: Во Белград на редовно неделно ниво пристигнуваат пратки од Германија (три пати неделно), Италија (два пати неделно), Бенелукс (два пати неделно) и од Велика Британија, Полска и Турска (еднаш неделно). Пратки од Австрија, Унгарија, Чешка, Словачка и Полска пристигнуваат во Белград преку центар во Будимпешта, на дневна основа. Пратки од Скандинавија преку HUB во Малме пристигнуваат редовно 2 пати неделно во Белград.

Собирање на пратки до терминалот – во согласност со договорените услови со странски партнери. За пратки кои се собираат треба најава од минимум 36-72 работни часа (1.5 – 3 работни дена) пред планираното преземање (во зависност од земјата и регионот на собирање).

Локации на HUB-oви