ЧЛЕНСТВА

  1. FIATA clanstvo_FIATAFIATA (Меѓународен сојуз на шпедитерски здруженија ) е невладина организација која претставува индустриска гранка која опфаќа околу 40.000 шпедитерски и логистички компании. Таа ги застапува интересите на шпедитерската индустрија благодарение на многу други невладини организации, органи на власта и меѓународни приватни организации во сферата на транспортот, како што е: Меѓународната стопанска комора (ICC), Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), Меѓународната унија за патен транспорт (IRU) , Светската царинска организација итн.
  2. IATA clanstvo_iataIATA (Меѓународна асоцијација за воздушен сообраќај) е трговска асоцијација за светските авиокомпании, што претставува околу 250 авиокомпании, или 84% од вкупниот број на воздушниот сообраќај. Таа поддржува голем број на области во воздухопловството и помага при креирањето на стопанската политика за критични прашања во областа на воздухопловството.
  3. SEDEX clanstvo_sedex Sedex е непрофитна организација врз основа на членство која е посветена на унапредување на етички и одговорни деловни практики во глобалните синџири на снабдување. Тоа е иновативно и ефикасно решение за управување со синџирот на снабдување, кој помага при намалување на ризикот, го штити угледот на компанијата и ја подобрува практиката на синџирот на снабдување. Размена на податоци за етика помеѓу добавувачите (SMETA) е посветена на 4 социјално одговорни столба: заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа , стандарди за работа и работна етика.