СЕРТИФИКАТИ

Квалитетот во сите сегменти на работењето е еден од основните елементи на стратегијата на Милшпед групата и е одраз на воспоставен,одржуван и континуирано подобруван систем за управување со квалитет.

 1. ISO 9001 – „Систем за управување со квалитет“

Во средината на 2003 година, Милшпед има воспоставено сертифициран систем за управување со квалитет кој е во согласност со барањата на ISO 9001. На овој начин, Милшпед обезбеди највисоко ниво на доверба и сигурност во обезбедувањето на услугите.

2. HACCP – „Безбедност на прехрамбените производи“

Во јули 2007 година, извршена е сертификација на системот за управување со безбедност на прехранбените производи, HACCP. Милшпед на своите клиенти им ја гарантира безбедноста на прехранбените производи при обезбедување на транспорт, складирање и дистрибуција и тоа со своето работење во согласност со принципите на HACCP систем и упатства за добра пракса (GWP, GDP, GHP).

3. TAPA FSR – „Безбедност на складирање на стока (со висока вредност)“

TAPA е меѓународно признат лидер во борбата против криминалот во камионскиот транспорт. Водечките шпедитери се приклучуваат на организацијата со цел да добијат TAPA сертификација на своите објекти, како и во однос на грижа за управување со товар. Барањата за товарна безбедност (FSR) ставаат минимални стандарди за безбедност и даваат најдобри решенија во област на стопанството за објекти за складирање и управување со HVTT (High Value Theft Targeted – кражба на предмети со висока вредност) средства и истовремено дефинираат соодветни методи за одржување на овие стандарди.

4. OPS (AEO) – „Овластените економски оператори“

Овластените економски оператори , меѓу другото, ги вклучуваат и производителите, увозниците, извозниците, брокерите, шпедитерите, консолидаторите, посредниците, пристаништата, аеродромите, субјектите на терминали, интегрираните субјекти , магацините и дистрибутерите. Сите тие се признати како страни вклучени во меѓународното движење на стоки. Статус на овластен економски оператор може да се додели на секој деловни субјект кој ги исполнува следниве општи услови: царинска сообразност, соодветна евиденција, финансиска солвентност и, каде што е применливо, соодветни стандарди за безбедност и заштита.

Заштита на животната средина ( 2014 ):

( 2014 ):

  1. Изградено е складиште за привремено складирање, третман и намалување на неопасен отпад, во согласност со Планот за управување со отпад.
  2. Изградба на систем за пречистување на отпадни води (санитарна и мрсна вода)
  3. Компанијата генерира и доставува на овластен оператор на понатамошен третман: 164.363 тони неопасен отпад и 1.675 тони опасен отпад.

( 2015 ):

  1. Менаџментот на компанијата ја донесе одлуката дека нови камиони може да се купуваат само ако имаат еко 5 и 6 мотори.
  2. Воспоставен е посебен систем на обука на заштита на животната средина за сите вработени и изведувачи.
  3. Имплементација на стандардот ISO 14001 во јули 2015.

Безбедност и здравје при работа

Цели на системот за управување со безбедност и здравје при работа се:

  • Нулта ниво на смртни случаи или повреди на работа, кои резултираат со траен инвалидитет.
  • Нулта ниво на изгубеното време, поради повреди на работа.
  • Воспоставен е систем на комуникација, едукација и обука на изведувачите и посетителите.
  • Имплементација на стандардот OHSAS 18001 во јули 2015 година.

Сертификацијата на системот(ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, HACCP и TAPA) за управување се врши од страна на швајцарската компанија SGS, која е едно од најголемите светски сертификациони тела.

Политика на интегриран систем за управување

 МИЛШПЕД ја одредува политиката за интегриран систем на управување со цел да се обезбедат услуги кои ќе ги исполнуваат сите наведени и вистински барања на клиентите, како и барањата на другите заинтересирани страни. Превземи го целиот документ тука.