Бродски Транспорт

Сигурни и економични решенија прилагодени на вашите барања

Нашите услуги во областа на бродскиот транспорт вклучуваат организација на превоз на целосни и збирни контејнерски товарења, организација на транспорт на вонгабаритни, рефус и течен товар и осигурување на стоки.
Соработувајќи со најголемите бродски компании во светот, како и компании кои се специјализирани за одредени пазари, ние нудиме најповолни услови во однос на трошоците за превоз и на достапноста на карго простор.
Нашите услуги во областа на бродски транспорт се:

  • Организација на транспорт на полн контејнер (FCL);
  • Организација на транспорт на збирен контејнерски товар(LCL);
  • Организација на бродски транспорт на вонгабаритни товар(Project cargo);
  • Организација на бродски транспорт на рефус и течен товар;
  • Обезбедување на товарот во транспорт;
  • Организација на испорака “од врата до врата”;
  • Организација на транспорт на IMO стоки до сите дестинации;
  • Консалтинг за прекуморски увоз и извоз на стоки.