Aвионски Транспорт

Сигурни и економични решенија прилагодени на вашите барања.

Како дел од нашите интегрирани решенија, Mилшпед обезбедува сигурна и целосна услуга во авионскиот транспорт на Вашите пратки.
Преку нашата густо разгранета мрежа на агенти, ние сме присутни во сите комерцијални аеродроми во повеќе од 150 земји во светот. Почитувајќи ги барањата на нашите клиенти во поглед на условите на испораки, рутирање, манипулативни потреби и цени, нашиот професионален тим ќе обезбеди највисок квалитет на услуги во воздушниот сообраќај.
Без разлика дали станува збор за итна или редовна пратка, што е можно поскоро ќе организираме превземање, транспорт и испорака на вашата стока по принципот “од врата до врата”. Вашите итни пратки можеме да ги транспортираме по прифатливи цени помеѓу било кои две точки во светот, во најкус рок. Од друга страна, ако вашата пратка не е итен случај, ние ќе ви понудиме интегрирано решение за транспорт, по многу конкурентни цени и квалитетни услуги на високо ниво.
И за пратки кои бараат посебно внимание во манипулација, складирање и транспорт, нудиме соодветни услуги:

  • Транспорт на расипливи производи-производи кои мора да се транспортираат во контролиран температурен режим во целата должина на патот. Во прилог на оваа услуга, ние нудиме и услуги на пакување на вашите пратки;
  • Транспорт на опасни материи- Нашиот сертифициран и добро обучен кадар со долгогодишно искуство во работа со опасни материи ќе обезбеди сервис “од врата до врата”, со безбедно ракување, складирање и авионски транспорт со патнички или карго авиони во зависност од потребите;
  • Транспорт на VAL пратки – Со најригорозни мерки на безбедност и гарантирана доверливост, ние ќе се погрижиме вашите вредни работи да се во сигурни раце во сите сегменти на транспорт, без оглед на нивната големина и вредност;
  • Транспорт на вонгабаритен товар – Што е можно побрзо наоѓаме решение за транспорт на вашите пратки со не-стандардни димензии и многу голема тежина;
  • Транспорт на Express пратки;
  • Charter сервис (организација на чартер летови);
  • Courier –on- board.