Царинско посредување

Carinsko zastupanje

Долгогодишно искуство. Стручни тимови. Над 1.000 царински операции на ден. Брзо и ефикасно царинење на стоките е предуслов за успех на секој синџир на снабдување. Непотполна или неточна царинска документација може да доведе до одложување на транспортот и на испораката на вашата стока. Во областа на царинско посредување, Mилшпед може да понуди решенија, кои ќе донесат дополнителна вредност на вашиот бизнис.

Нашите услуги

Mилшпед има долга традиција во обезбедување на услуги на царинско посредување. Нашите овластени царински агенти и напреден систем на работа ќе ви помогне да се движите успешно меѓу комплицирани царински постапки, да избегнете дополнителни трошоци и било какво доцнење во спроведувањето на своите деловни процеси.

  • Царинење (изработка на документи за увоз / извоз, привремен увоз / извоз, увоз за облагородување и преработка под царинска контрола, повторен извоз на стока)
  • Регистрација и сместување на стоката под царински надзор
  • Царинско складирање и сукцесивно стоково царинење
  • Стручни совети и насоки во врска со царинските прописи и распоредување на стоката според Царинската тарифа
  • Употреба на поедноставени царински постапки и информациски технологии во царински постапки
  • Zastupanje u postupku naknadne kontrole i reklamacije carinskih dokumenata
  • Застапување во постапка на дополнителна контрола и рекламации на царински документи
  • Изработка на транзитни документи на граничните премини, посредување во изработка на барања за сите видови на инспекција (санитарни, пазарни, ветеринарни, фитопатолошки)
  • Услуга на користење банкарски гаранции за обезбедување на плаќање на царински долгови

Мрежа на испостави

Во рамките на нашата мрежа интегрирани се 40 филијали низ целата земја и во сите поголеми гранични премини: Белград (Пристаниште, Аеродром, Терминал, Железничка станица), Панчево, Нови Сад, Суботица, Kелебија, Шид-Товарник, Батровци, Шабац, Чачак, Врање, Прешево, Градина, Пријепоље, Гостун, Смедерево, Подгорица, Бачка Паланка, Ваљево, Кикинда, Крушевац, Зрењанин, Ниш, Крагуевац.