Меѓународен Патен Транспорт

Милшпед – вашиот сигурен партнер во патниот транспорт.

Секторот на меѓународен транспорт во Милшпед е една од најсилните алки во синџирот на обезбедување на услуги на клиентите. Со сопствен возен парк од последната генерација и голем број на сигурни подизведувачи, ние сме подготвени да ги исполниме сите барања на клиентите. Самиот сектор се состои од 60 млади луѓе кои секојдневно работат на решавање на барањата на клиентите и следење на актуелните пратки во тој момент. Комбинацијата на младост и искуство е основа за напредок како и постојана обука на персоналот на компанијата со цел да Милшпед може да држи чекор со најуспешните европски компании во индустријата. Вкупно над 5000 пратки транспортирани на месечно ниво се сериозна индикација за обемот на работа со кои се соочува овој сектор, како и следење на квалитетот на работа и редовна комуникација со клиентот. Услуга на меѓународниот сообраќај во согласност со трендот на развој е поделена во две одделни подгрупи:

  • FTL / LTL товари
  • Groupage

FTL / LTL utovari

Организирање на FTL (Full Truck Load) опфаќа голем број на достапни камиони на дневна основа. Ние го следиме развојот на домашните компании, кои на годишно ниво имаат сериознен број, како увозни така и извозни тури и се обидуваме секоја година да бидеме озбилна подршка во нивните идни планови со својот висок квалитет на услуги. Возниот парк на располагање е опремен со GPS уреди, што овозможува да ги пратите пратките во реално време и обезбедува на клиентите дополнителна заштита за време на реализација на барањето.
Организирање на LTL(Less than full truck) е услуга со која се обидуваме да им овозможиме на клиентите да избегнат ангажирање на посебен камион и по пониски цени и со ист квалитет на услугата да ја добијат својата стока на време. Реализацијата на овие товари ја организираме со постојната FTL флота, така што се решенијата кои ви се нудат сигурно конкурентни.

Groupage

Mилшпед направи сериозна соработка со водечките европски компании препознавајќи ги развојните трендови во последната деценија во областа на вршењето на транспортни услуги на збирни пратки. Оваа соработка напредува од година во година и сега овозможува преземање на збирни пратки од било која точка во Европа, како и транспорт до нив. Гаранција за квалитет кои, во прилог на ниски транспортни трошоци, гарантира и фиксни поаѓања и пристигнувања на камиони, сигурно е иднината на овој бизнис и вистинските предизвици се уште претстојат. Со јасно дефинирана листа на цени и дефинирани заминувања на возила, ние нудиме на нашите клиенти безбедност во поглед на исполнување на барањата. Мапата на партнери и дефинираните заминувања на збирни линии можете да ја видите тука.