МИЛШПЕД ПРИНЦИПИ

НАША ВИЗИЈА

  • Глобално препознатливо име по врвните логистички решенија и услуги.

НАША МИСИЈА

  • Константно пронаоѓаме нови и подобри решенија за клиентите со кои градиме партнерски релации.

НАШИ ВРЕДНОСТИ

  • КЛИЕНТ Е НА ПРВО МЕСТО – Задоволство на клиентот е единствена мерка на нашиот успех.
  • КРЕАТИВНОСТ – Идеи и иновации се мотор на нашата компанија.
  • ИНИЦИЈАТИВА – Да се биде подобар утре него што си бил вчера..
  • ТИМСКА РАБОТА – Доколку сакаш да одиш бргу – оди си сам, ако сакате да стасате што подалеку одете си заедно.
  • РАБОТНАТА АТМОСФЕРА – Тимот не го прават луѓе што работат заедно, туку тие што веруваат еден во друг..

Регрутација и селекција

  • Милшпед својот успех и лидерската позиција на пазарот ги гради благодарејќи на постојани, стручни и лојални кадри. Долг низ години во текот на раст и развој на компанијата, плански се креирани кадри и цели генерации што долгорочно ќе го носат товарот на успех, иновативност и регионален раст..
  • Благодарејќи на селекција и регрутација кои се структуирани и прилагодени кон барањата на работата, компанијата Милшпед моментално вработува најголем број на сообраќајни инженери во земјата. Еден од основните постулати на политиката на вработување на компанијата Милшпед е ангажирање на млади дипломирани стручњаци од различни професии и овозможурање на нивното прво работно искуство низ обуки, тренинг и едукација.
  • Компанијата Милшпед како регионален лидер во логистика нуди професионални предизвици и можности за професионално усовршување.
  • Процесот на селекција и регрутација е приспособен на потребите на секој сектор, конкрени позиции и локации на работа и вклучува структуирано интервју, проверка на стручно знаење според област на работата, решавање на ситуациони задатоци и финално интервју со раководители на сектори.
  • Долгододишна соработка со институции од високото образование, како на ниво на Србија, така и во регионот, ни овозможува најквалитетен извор и база на кандидати. Регионалниот развој на кадри се прави децентрализирано на ниво на секоја земја со поддршката на централата и според веќе утврдената програма.

Грижа за вработените

  • Со различни системи на наградување, пакети на бенефити и тимски дружби се негува здрава работна атмосфера, висока колегијалност и лојалност во компанијата.

Развој на вработените

  • Со вложување во развој на вработените се реализира долгорочно успешна инвестиција во квалитетот на услуги и комплетното стопанистување на компанијата. Бројни стручни едукации, обуки и семинари се организираат како интерно така и екстерно со различни консултантски куќи и едукативни центри.
  • Применуваме еднаквост, објективност и критериум на заслуги во проценка, наградување, мотивација и развој на вработените. Ние сме транспарентни во деловните релации, стопанистуваме на праведен начин, без дискриминација по било кој основ.