НОВОСТИ

Family day

Family day е манифестација која се одржува со цел секој вработен да се чувствува како дел од групацијата, дел од големото Милшпед семејство. Низ манифестации на забавен карактер децата имаат прилика заедно со нивните врсници да се дружат, додека низ натпреварувачки дел на програма, возрасни членови на семејството ги одмеруваат сили во спортските активности. На тој начин докажуваме дека вработените се најбитен фактор на успех и дека со стимулативна атмосфера и тимска работа може успешно да се дојде до секоја цел.

Top Job

Саемот „Top Job“ е одржан кон почеток на Април, во организација на Министерството за труд и социјална политика, Националната служба за вработување и „Bel Expo Centаr“.

На Саемот претставниците на компанијата Милшпед посочија на предностите на нашата групација, која е лидер во давање на логистички услуги во земјата, и го искажаа задоволството што бевме прв пат дел од најголемиот проект за вработување во земјата, како и дружбата на студенти и фирми од различни области.

Transport and Traffic Businees Days

Како и секоја година, компанијата Милшпед и ова пролет беше спонзор на саемот Traffic and Transport businees days што беше организиран од страна на студентите на Сообраќаениот факултет. Компанијата годинава ја претставуваа вработените во HR секторот и секторот на проектна продажба. По предавањето за работата на Милшпед група, студентите се интересираа најмногу за практичната настава, а низ симулација на интервјуи за работа имаа можност да ја добијат и првата шанса за работа и нивното теоријско знаење да го применат во пракса.