КОМПАНИЈА

Mилшпед група е водечки логистички систем во регионот, која е сопственик на девет правни лица:

Милшпед успешно работи веќе 23 година и има над 1800 вработени. Стратешката ориентација на компанијата се базира на високо ниво на корпоративна култура, почитување на партнерства со клиентите, примена на напредни технологии, и општествено одговорно работење. Благодарение на современи методи на работа и организација на работата, смели идеи и прилагодување на пазарот, Mилшпед има изградено единствен пристап на пазарот, кои ги комбинира следниве услуги:

“Mилшпед” Белград  е матична компанија на групацијата која работи на српскиот пазар од 1993 година. Со својот капацитет, технологија и квалитет, Mилшпед е сега во можност да одговори на сите барања на современиот пазар и да обезбеди комплетни логистички услуги.

“Mилшпед АМЛ” Белград е дел од групацијата чиј потенцијал е насочен кон создавање на логистички решенија за автомобилската индустрија. Долгогодишна посветеност на овој сегмент на логистика, како и успешна реализација на барањата на мултинационални компании во оваа област, овозможија на Милшпед конкурентна предност на пазарот и примат во обезбедување на услуги на автологистика.

“Милшпед Меркурио” Белград е заеднички потфат меѓу Милшпед и Mercurio – најголем превозник на абвомобили во Италија. Бизнисот на компанијата се фокусира на реализацијата на проектот за логистика за компанијата “Фиат автомобили Србија”.

“Милшпед Монтенегро” Подгорица работи на пазарот на Црна гора и нуди комплетни логистички услуги. Стручност на вработените во спроведувањето на цариски и магацински услуги, достапност на простор за складирање како и сопствен возен парк го прави Милшпед важна алка во обезбедување на услугите на Милшпед Група.

“Милшпед Хрватска“ Загреб нуди услуги на клиенти кои својата доверба за целокупна регионална логистика ја дадоа на Милшпед. Сите потребни логистички услуги кои се вршат по највисоки меѓународни стандарди во Милшпед системот се на располагање на сегашните и идните клиенти.

“Милшпед Тржин, Словенија“ ја олеснува реализацијата на работите на Милшпед групата који се поврзани со државите на Европска Унија. Најмногу е застапен меѓународен патен транспорт – целосни товари, дотовар и збирни товар, како и услуги на складирање и дистрибуција.

“Милшпед Албанија“ е здружено претпријатие на Милшпед Групата и Балфин Групата кои заеднички настапуваат на албанскиот пазарот во областа на логистички услуги. Компанијата оперативно започна со работа во март 2014.год. Во своето работење од почеток применува високи стандарди во сите сегменти и се раководи според најдобрите примери на практика на Милшпед Групата.

“Милшпед БХ д.о.о“ е основана и оперативно започна со работа во 2014 година. Основна дејност на компанијата, како член на Mилшпед групата, е обезбедување на логистички услуги и интегрирани услуги, од кои се најзастапени царинење и дистрибуцијаобезбедува логистички и интегрирани услуги, од кои се најзастапени царинење и дистрибуција. Како најмлад член на групата, компанијата е важен дел од Милшпед регионалната мрежа.

“Милшпед Русија“ е отворена на 8.12.2014 год. а почна со работа на 1.3.2015. год. Во моментот Милшпед во Русија има 5 стално вработени и врши разни логистички услуги.